Пратеникот Тони Јаревски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ директно се обрати до Груби укажувајќи му дека Бехтел и Енка во Србија учествуваше на тендер со дупло поевтини суми од тука. Вицепремиерот Артан Груби  не остана должен и повторно се огласи преку „Фејсбук“. Тој веднаш ги демантира тврдењето на пратеникот дека нашиот автопат ќе биде поскап, велејќи дека тој лаже и дополнува дека ништо не може да ја спречи изградбата на Коридорите 8 и 10д

 

Тврдењето на вицепремиерот Артан Груби дека договорите на Србија и Македонија со „Бехтел и Енка“ се речиси исти, отвори жестока дебата во јавноста. Тоа предизвика власта и опозицијата повторно да се скараат околу клучните точки. Така пратеникот Тони Јаревски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ директно се обрати до Груби укажувајќи му дека „Бехтел и Енка“ во Србија учествуваше на тендер со дупло поевтини суми од тука

-„Бехтел и Енка“ во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер со договор напишан во 4 очи. Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата „Бехтел и Енка“ вреди 1.350 милијарди евра. Километар автопат во Србија од „Бехтел и Енка“ вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра. Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени – велат од ВМРО-ДПМНЕ и дополнуваат дека не се против градба на автопат, напротив истиот автопат за „Коридорот 8“ го има и во нивната програма, но се против пљачката на векот.

Вицепремиерот Артан Груби  не остана должен и повторно се огласи преку „Фејсбук“. Тој веднаш ги демантира тврдењето на пратеникот на ВМРО –ДПМНЕ, Тони Јаревски дека нашиот автопат ќе биде поскап. Според него ништо не може да ја спречи изградбата на Коридорите 8 и 10д

 

-ВМРО лаже, многу и бесрамно, или пак можеби едноставно не разбираат… „Бехтел и Енка“ во Србија го градат автопатот: без тендер, со посебен закон, со истиот договор како и нашиот, поскапо по километар отколку кај нас, со многу поскап консултант отколку кај нас…Не дозволувајте да ве лажат: ништо не може да ја спречи изградбата, само ја прави поскапа и подолга. Блокадата на ВМРО и Левица може да ги чини граѓаните над 100 милиони евра и две години подолга изградба на автопат. Пратениците одлучуваат дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскап