Четириесет и четиригодишната Перистера Базиана, позната како Бети е невенчаната сопруга на грчкиот премиер и лидер на Сириза Алексис Ципрас и тоа е жената која е најзаслужна за неговиот вртоглав политички успех. Алексис отсекогаш повеќе се интересирал за спорт, и затоа бил миленик на жените, отколку за политика. И се така додека не ја сретнал Бети.
Својата невенчана сопруга со која живее повеќе од дваесет години, Ципрас ја запознал во средното училиште, а подоцна заедно студирале на Техничкиот факултет во Атина. Страствениот спортист на почетокот на 90-тите го повредил коленото и тогаш Перистера лесно го убедила да им се придружи на младите комунисти, пренесува српски Блиц.
Тие двајца не само што станале пар, туку заедно воделе неколку локални комунистички протести, вклучувајќи ги и тој за непопуларните реформи во школството.
Многумина веруваат дека без влијанието на Бети Базиана, која колегите на факултет ја опишувале како „динамична и многу упорна“, Ципрас никогаш нема да дошол до чело на левичарската партија.
Затоа се уште се поставува прашањето дали првата дама на Грција е таа која од сенка ги држи конците и управува со земјата?
Базијана не сама медиумско влијание и ретко се појавува пред новинарите. Трошењето време на шопинг го смета за бесмислено, а не ужива ниту во посетата на фризер.
Двојката има два сина Фебус и Орфеј Ернест, кој името го добил по кубанскиот револуционер Че Гевара.