Бесплатно: Eмотивно и физичко прочистување во Fit One!

111

Fit One во недела ве кани на пролетна Јога за емотивно и физичко прочистување и детоксикација. Бесплатниот настан ќе се одржи во недела на 24 февруари , од 17 до 20 часот, во просториите на Fit One Центар.

Ослободете се од наталожените емоции и напнатост во текот на зимата и дочекајте ја пролетта подготвени.
Совршената комбинација на Јин, Хата, Енергетска јога и Јога Нидра ќе ви овозможи поголема свесност, стабилност, препородување и будење на животната енергија.
Своето место на бесплатниот час може да го обезбедите со пријавување на 070228823.