Бесплатно паркирање и за божиќните празници

553

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните празници  беше бесплатно за сите граѓани на Македонија. Како што информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар  така ќе биде и за претстојните божиќни празници.

Од „Паркинзи“ потврдуваат  дека и за време на божиќните празници на 6.1. (петок) и 7.1.2023 година (сабота) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Од утре до Божиќ паркиралиштата  Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и редовна наплата

-Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 9.1.2023 година (понеделник) со вообичаено работно време. Депото на Пајак-службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, известуваат од ЈП ПОЦ.