Од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, по повод претстојниот верски празник „Богојавление“ (Водици) известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисуваат ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи утре со вообичаено работно време.