Бесими: Владата подготвува мерки со кои ќе се амортизира зголемувањето на цените

79

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во врска со зголемувањето на цените на нафтата, струјата, но и на основните производи, за индекс.мк кажа дека растот на цените на европските берзи влијае и на цените во земјава.

„На ист начин ни се пренесуваат и цените кои растат на европските берзи. Сите извори на енергија, нафтени деривати, електрична енергија, природен гас итн. До сега имаше поскапување на цените, но не 10 или 20 проценти“, вели Бесими.

Она што се случува на енергетскиот пазар за него, вели тој, „е алармантно“.

Министерот додаде дека Владата подготвува мерки со кои ќе се амортизира поскапувањето на цените.