Бернската конвенција отвори досие против владата на С. Македонија за закани кон локалитетите Смарагд Охридско Езеро и Галичица

81

Бернската конвенција неделава отвори досие против владата на Северна Македонија за закани кон локалитетите Смарагд Охридско Езеро и Галичица. На 41 состанок на Постојаниот комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа, се одлучи да се отвори случајот кој го поднесе Фронт 21/42 за заканите врз Охридското Езеро и Галичица.

– Ова е голема победа за граѓанското општество и се надеваме дека ќе спречи некои од огромните закани за едно од најстарите езера во светот: отпад, загадување, дивоградба, испуштање на нивото на водата. На втората слика може да се видат плановите и проектите за понатамошна урбанизација и трансформација на езерото во црвено – велат од еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42.

Наводите во жалбата и извештаите на Фронт 21/42 ги потврдија и телата на двете други меѓународни конвенции кои го заштитуваат нашето најголемо природно богатство – УНЕСКО и Рамсарската Конвенција.

УНЕСКО ја сподели загриженоста од одлуката на Комитетот за Светско наследство да не го впише Охридскиот регион во Листата на светски наследства во опасност, додавајќи дека аргументите за прогласување на подрачјето за наследство во опасност се неспорни, а државата веќе доби дополнително време.

Од Рамсарската конвенција, на чија листа од оваа година се Охридското Езеро и Студенчишко блато, потврдија дека ги загрижува нацрт-законот за прогласување на Студенчишко блато за Парк на природата кој не предвидува заштитна зона околу блатото.

– И покрај неколкуте интересни активности за кои извести Владата, Комитетот беше длабоко загрижен за состојбата на двете подрачја опишана од страна на подносителот на жалбата и меѓународните организации… Следејќи го барањето на подносителот на жалбата, кое беше поддржано од неколку држави-потписнички, Постојниот комитет одлучи да ја унапреди жалбата во отворен случај – се наведува во одлуката на Постојниот комитет.

Се очекува на пролет во Охридскиот регион да дојде мисија на Бернската Конвенција  која ќе ја процени состојбата на терен.

Еве резиме на други случаи:

– Бугарија: Калиакра отворена и мониторингот продолжува

– С. Македонија: Национален парк Маврово – силна препорака беа прифатени како комплементарни на претходната

– Албанија: Реката Вјоса – прифатена нова посета на лице место за проценка за новиот аеродром

– Црна Гора: Скадарско Езеро – останува отворено и следено

– 4 датотеки за случаи на морски желки остануваат отворени и партиите се многу загрижени за последните случувања

– Бугарија: Кресненска клисура – продолжува како можен фајл но со многу силен мониторинг, заедничка препорака прифатена, следен извештај и пролет.

– Босна и Херцеговина: Реката Неретва – нова итна посета на лице место, во 2022 година ќе ја верификува градбата на браната Улог