На просторот помеѓу островите Јабука, Брусник и дел од заливот Комишка во водното подрачје Вис, се случуваат необични работи
На ова место во Хрватска компасот престанува да работи, а инструментите стануваат бескорисни, по што бродовите остануваат без ориентација.
Оваа област се нарекува „Бермудски триаголник“ на Јадранот, а во минатото тука настанале поморските несреќи и исчезнувале бродови. Постарите рибари го нарекувале вулкански триаголник бидејќи магнетните камења порано го попречувале компасот.
Овде се пронајдени осум потонати бродови и еден авион.
Овој т.н Јадранскиот „Бермудски триаголник“ бил познат уште во 18 век, кога италијанскиот патописец Алберто Фортис напишал дека навигацијата во таа област може да биде многу опасна.
Во овој триаголник се наоѓа најмистичниот остров Јабука, а за овој остров кој се наоѓа западно од Вис уште од античко време се кажуваат легенди. Оваа област најдобро ја истражувала поранешната ЈНА, но резултатите од своите дејствија ги чувала во тајност.