Берлускони ќе биде погребан в среда со државни почести

54

Поранешниот италијански премиер и милијардер Силвио Берлускони ќе биде погребан со државни почести во катедралата во Милано в среда, соопштија црковните власти во Милано, цитирани од италијанската новинска агенција АНСА.

На погребот се очекува да присуствува и италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Според изворите, посмртните останки на Берлускони денеска ќе бидат префрлени во неговата приватна резиденција – вилата Сан Мартино, во близина на градот Аркоре, недалеку од Милано. Утре ќе бидат положени во седиштето на медиумската империја на Берлускони Медиасет во Колоно Монзесе