Германија нема да застане на патот на Полска ако испрати тенкови леопард од германско производство во Украина, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Запрашана да коментира што ќе се случи ако Полска испрати тенкови Лепоард без одобрение од Германија, Бербок за француската телевизија „ЛЦИ“ изјави дека прашањето засега не е поставено, но дека ако Берлин побара, таа нема да застане на патот, пренесе „Дојче веле“.
„Знаеме колку се важни овие тенкови и затоа разговараме за тоа со нашите партнери. Треба да овозможиме спасување човечки животи и ослободување на украинска територија“, додаде Бербок.
Претходните денови имаше дебата меѓу Германија и САД за тоа дали западните тенкови ќе бидат испратени во Украина, а Вашингтон побара од Берлин да им дозволи на земјите од НАТО кои поседуваат „леопарди“ да дадат дозвола да ги испратат.
Од друга страна, владин извор во Берлин изјави дека Германија ќе го стори тоа доколку Вашингтон прво ги испрати своите тенкови во Украина.