Берарди во јануари

69

Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека калчо гигантот Милан ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на најдобриот фудбалер во дресот на второлигашот Сасуоло, Доменико Берарди. Истите медиуми додаваат дека најавениот трансфер ќе се реализира во јануари само доколку официјалната понуда за обештетувањето не биде помала од 20 мил. евра.