EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Една од најдобрите скијачки на сите времиња, Линдзи Вон (40), пред неколку дена објави дека завршува со пензионерските денови и дека повторно ѝ се враќа на својата најголема љубов – скијањето, по пауза од шест години и нејзините последни Олимписки игри.

  • Враќањето на скијањето без болка беше неверојатно патување – истакна Вон, меѓу другото.

Потврдено е дека се враќа во тимот на САД, но сè уште не е познато на кои трки има намера да се натпреварува.

Сепак, многумина мислат дека тоа не е добра идеја, а меѓу најгласните е поранешната швајцарска скијачка, Соња Неф.

  • Таа не сака само да му се врати на скијањето туку и да биде блиску до врвот. Мислам дека нема да стигне до подиумот. Невозможно е да се биде толку брза на 40 години, има вештачко колено. Ако случајно падне, нема да може да ја санира повредата на коленото. Кога слушнав дека може да се врати, си помислив: „Не може да биде толку глупава! Очигледно дека е! Мислам дека само си го урива имиџот, не сака нормален живот каде што не е во центарот на вниманието. Не се врти сè околу неа, и тоа ѝ создава проблем. Искрено, жал ми е за неа – изјави Неф.

Сите нагласуваат дека Вон, во последниве неколку години, имала две големи операции на коленото и дека десното колено ѝ е вештачко.