Белград домаќин на финалниот дуел во ЛШ

73

Според пишувањата на српскиот весник “Курир”, финалниот натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, во 2025 година, најверојатно ќе биде одигран во Белград.

Главниот град на Србија важи за фаворит кога е во прашање организацијата на финалниот натпревар, а тоа се должи на добро позиционираните Срби во Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и новиот стадион. Владата на Србија одобри 150 мил. евра за изградба на новиот национален стадион кој треба да биде лоциран во предградието Сурчин. Според најавите, националниот стадион треба да биде со капацитет за 60.000 гледачи. Почетокот на Изградбата на стадионот првично беше планирана за крајот на 2018 година, но по направените консултации беше одлучено изградбата да започне во 2020 година. Стадионот би требало да биде готов за најмногу две години, кога е и рокот за пријавување за организација на финалниот натпревар во Лигата на шампиони.

УЕФА веќе подолг период го форсира проектот благодарение на кој важните натпревари се играат во источноевропските земји. Во 2012 година, финалниот натпревар од Лига Европа се играше во Букурешт, а во 2017, главниот град на Македонија и националната арена “Филип Втори” беа домаќини на европскиот Суперкуп помеѓ Манчестер Јунајтед и Реал (М).