Белгискиот крал Филип и премиерот Александар Де Кроа денеска му порачаа на папата Франциск дека треба да преземе поконкретни активности за справување со сексуалната злоупотреба од страна на католичкото свештенство.
Кралот му рекол на папата во говорот за добредојде во Белгија дека на црквата и требало „премногу долго“ за да се „справи“ со тие скандали, пренесува Ројтерс.
Де Кро рече дека „само зборовите не се доволни и мора да се преземат конкретни чекори“.