Бела куќа: Хезболах е виновен за нападот на игралиштето во Израел

540

Соединетите Американски Држави ја обвинуваат либанската група Хезболах, која ја поддржува Иран, за ракетниот напад во кој вчера загинаа 12 деца и тинејџери на Голанската висорамнина под израелска окупација, соопшти денеска Белата куќа.

„Овој напад го изврши либанскиот Хезболах. Тоа беше нивна ракета и беше лансирана од област што тие ја контролираат“, рече портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон, додавајќи дека Белата куќа е во тековни разговори со израелските и либанските официјални лица од тогаш.

„САД исто така работат на дипломатско решение долж Сината линија што ќе стави крај на сите напади еднаш засекогаш и ќе им овозможи на граѓаните од двете страни на границата безбедно да се вратат во своите домови“, додаде таа. Сината линија се однесува на границата меѓу Либан и Израел.

Илјадници луѓе се собраа во неделата во Мајдал Шамс на Голанската висорамнина на погребот на 12 деца и млади убиени во ракетен напад што погоди фудбалско игралиште во саботата, објави Тајмс оф Израел.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека 10 од 12-те жртви биле на возраст меѓу 10 и 16 години. Не ја објави возраста на преостанатите две жртви.

Во текот на ноќта, Израел започна воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан како одговор на нападот врз Мајдал Шамс. Хезболах ја негира одговорноста за нападот, што Израел го отфрли и најави дека ќе одговори „силно“.

Според Израел, проектилот бил ирански проектил од типот Фалак со боева глава тешка 53 килограми. Вакви ракети има само Хезболах, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Кабинетот на францускиот претседател соопшти дека Емануел Макрон телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и му рекол дека Париз е целосно посветен на избегнување „нова ескалација во регионот“.

Според Елисејската палата, Макрон „исто така ја повторил потребата да се постигне политичко решение за прашањето на Сината линија, врз основа на резолуцијата 1701“. Либан денеска повика на меѓународна истрага по тој напад во кој беа ранети