Дел од корисниците од село Кучково утре од 9 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 12 до 14 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Благоја Паровиќ“, „Џон Кенеди“ и „Лазар Трповски“ во општина Чаир.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија.