„БЕЗ РУСКА НАФТА НЕ ПОСТОЈАТ“: Две европски земји бараат изземање од санкциите за „црното злато“

890

Чешка и Словачка се обратија до Брисел со барање да ги задржат испораките на руска нафта, бидејќи без неа нема да можат да постојат, изјави претседателот на „Транснафта“ Николај Токарев.

– Прага и Братислава побараа од Брисел да ги задржи количините на испораки на руска нафта, бидејќи немаат излез до морето и немаат можност да набават нафта од други извори – рече Токарев во интервју за ТВ „Росија 24“.

Тој посочи дека Чешка има можност преку цевководи од Европа да добива мали количества нафта.

– Но, генерално, тие едноставно не можат да постојат без нашата нафта – истакна Токарјев.

Претходно беше објавено дека премиерите на Словачка и на Чешката Република, Роберт Фрико и Петр Фиала, се согласиле „до одреден степен“ за неопходноста од продолжување на изземување од санкциите против употребата на деривати добиени од руската нафта.

Европската унија претходно го продолжи периодот на изземување за увоз на нафта од Русија на една година. Во Братислава се наоѓа една од најголемите рафинерии во ЕУ, „Словнафт“, која е ориентирана кон употреба на руска нафта. Според словачките медиуми, нејзината транзиција кон преработка на суровини од алтернативни суровини ќе трае најмалку една година.