Продолжува трендот на намалување на нарачките во македонскиот текстилен сектор. Поради рецесијата на пазарот,  нема доволна побарувачката, но проблем е што си заминуваат странските партнери.

Ангел Димитров, од Организација на работодавачи, вели дека веќе четири штипски конфекции  се соочени со намалено производство. Стопанствениците се во грч, но клуч на врата засега не ставаат, се снаоѓаат со домашно производство.

Според Димитров, сепак надежта не ги напушта сопствениците на конфекциите, а по Нова година ќе знаат дали ќе продолжат со производство или ќе мора да ги затворат капацитети. Ако се случи  црното сценарио на улица ќе останат текстилните работнички над 50 години.

И вицепремиерот Фатмир Битиќи  во неколку наврати кажа дека на земјава и недостасуваат 10.000 работници, а најмногу во секторите градежништво и угостителство.