Поради дефект на водоводна мрежа на улица „Кузман Шапкарев“, број 3б, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улиците: „Кузман Шапкарев“, „Гостиварска“, „Борис Серафов“, „Жеденска“, „Смилевска“ и „Црногорска“.
Водоснабдувањето, како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, ќе биде прекинато од 09:10 часот до завршување на дефектот.
Поради дефект на улива „7“, број 242 во село Батинци, без вода денеска од 09:00 часот до завршување на дефектот ќе бидат и корисниците од селата Батинци и Лубош.