Без вода корисниците од улица „Санте Плус“ и дел од булевар „Партизански одреди“

54

Поради поврзување на водоводна мрежа на булевар „Партизански одреди“, раскрсницата со „Црвена вода“, денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица „Санте Плус“ и дел од булеварот „Партизански одреди“.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, снабдувањето со вода ќе биде прекинато од 9:00 часот до санирање на дефектот.

Поради дефект на приклучна цевка на улица „Кримска“ 28, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:10 часот, до завршување со санација на дефектот.