Прекин во водоснабдување денеска од 9 часот имаат корисниците од Усје.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф 150 мм на бул.„Борис Трајковски“ 32/8.
Прекин во водоснабдување денеска од 9:30 часот имаат и корисниците од улиците „Румена Хаџипанзова“, „Аилска“, „Ѓорѓи Војтех“, дел од „Бранко Заревски“ и дел од „Малешевска“.
Прекинот е поради дефект на ПП хидрант ф-80мм на ул.„Румена Хаџипанзова“ 12 б.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.