Без вода дел од Љубанци, улицата „Иљо Војвода“ и дел од „Бутелски Венец“

39

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради штопирање на стара мрежа на улица „7“, бб (до мостот) во село Љубанци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од селото.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.

Без вода денеска од 9 часот до санирање на дефектот се и корисниците на улиците: „Иљо Војвода“ и дел од „Бутелски Венец“.

Причината за прекин на водоснабдувањето  е дефект на улица „Гвадалахара“,  бб (кај резервоарот Шуто Оризари).