Дел од корисниците на улиците „Среќко Пужалка“ и „Товарник“ во населба Ченто денеска од 8.30 часот ќе немаат вода поради дефект на улица „Среќко Пужалка“.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот.
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат и дека денеска поради поставување водовoден приклучок на улица „Борис Сарафов“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улиците: „Жеденска“, „Михачка“ и „Александар Македонски“, како и дел од корисниците на улиците: „Борис Сарафов“ и „Црногорска“, од 09:00 часот до завршување на дефектот.
Освен тоа, поради промена на вентил на улица „Хашка“, број 21б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица, како и од улиците: „Женевска“, „Будимпештанска„ и„ Осло“, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Поради дефект на приклучна цевка на улица, без вода денеска од 09:00 часот се корисниците во дел од Студеничани.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.