Дел од жителите на Кисела Вода денеска ќе имаат прекинато водоснабдување, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.
-Поради санирање на уличен дефект на ул. „Марко Орешковиќ“ бр.4 во населба Кисела Вода со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12.30 часот до завршување со санација на дефектот, се наведува во соопштението.
Извор: МИА