Милијардерот Џеф Безос, во своето предвидување за иднината истакнува дека на Земјата ќе останат само малку од „избраните“ и дека таа ќе биде претворена во природен резерват.
Основачот на „Амазон“ и на вселенската компанија „Блу Оринџ“ објасни еека милиони луѓе ќе се родат во вселенските колонии и Земјата ќе ја посетуваат туристички.
„Земјата може да издржи 10 милијарди жители, а вселената билиони“, рече Безос на „Игнејшс форумот“, наведувајќи дека човечките колонии во вселената ќе бидат направени во цилиндрични објекти кои ќе се вртат за да се созададе вештачка гравитација.
Според неговите футуристички предвидувања, поголем дел од индистријата ќе биде преселена во тие колонии за да се сочува Земјата, а на неа ќе останат само малку погони и многу помалку луѓе.
Во својата визија за иднината, милијардерот не објасни кој ќе остане да живее на Земјата, иако на форумот доби такво прашање.