Српскиот ракометен голман  Дејан Милосављев, во редовите на македонскиот шампион Вардар, дојде како анонимец без никакво поголемо искуство, а ја доби главна улога, да го замени легендарниот Арпат Штербик. Тој одлично се справи притисокот и блесна меѓу стативите на голот на „црвено – црните“ а тоа му донесе и незаборавен турнир во Келн и титула во Лигата на шампионите.

Токму за искуството во Вардар и македонската метропола зборуваше во интервјуто за „Журнал“, се наврати на незаборавните партии на завршниот турнир во Келн во Лигата на шампионите и 18-те одбрани во полуфиналето против Барселона, како и на пречекот во Скопје, по освоениот трофеј.

-Три дена од завршницата во Келн едвај спиев, можеби по еден час дневно, а не ни јадев. Обично сум опуштен, не сум нервозн, но тогаш ги менував маичките на секои половина час, толку многу се потев. Чувствував одговорност, бидејќи тимот ми веруваше и сакав да дадам сè од себе во тој момент, откри Милосављев, а потоа се присети и на спектакуларниот дочек на полшарадот во Скопје.

-Тоа не го доживуваат ниту најголемите фудбалски или НБА тимови. Капа долу за оние луѓе кои навиваат за нас и нè пречекаа. Македонија живее за ракометот, за Вардар. Бев ѕвезда во Македонија, се чувствував посебно, а во мојата земја луѓето не ме препознаваа како во Скопје. Не можев да одам по улицата таму, луѓето ми ги бакнуваа рацете. Мајка ми одеше до мене и плачеше секогаш кога некој ќе ми се доближеше. Благодарен сум за се што доживеав, за можноста да играм и да ја освојам Лигата на шампионите, заврши Милосављев, кој од Вардар  направи трансфер во бундеслигашот Фуксе Берлин.