Еден од најдобрите дриблери кога во прашање е кошарката, Кари Ирвинг, ја призна грашката во однесувањето кон најдобриот играч во НБА, Леброн Џејмс.
Ирвинг пред една и пол година го шокираше светот откако побара трејд од екипата на Кливленд. Во тие моменти говореше дека не сака повеќе да биде во сенка на својот „ментор“, бидејќи „коњаницата“ за секој потег се консутираше со „Кралот“ и бараше мислење од него.
- Тоа за мене беше голема работа и го повикав Леброн за да му се извинам за тоа што бев млад играч кој сакаше се да му биде на дофат. Сакав да бидам тој кој ќе го предводи тимот, да бидам главен. Одговорноста да се биде најдобриот играч и предводник на тимот е нешто што е наменето за многу луѓе. Да го вадиш максимумот од своите колеги не е лесна работа, а тој совршено го правеше тоа, истакна Ирвинг.
Кари во победата над Торонто забележа 27 поени, но притоа асистираше 18 пати што е рекорд во неговата кариера.
- Дадов пример за младите играчи да го даваат својот максимум на теренот. Тоа го правам во редовите на Бостон, бидејќи само така може да дојдеме до победа. Сега се чувствувам подобро откако му се извинив на Леброн за онаа ситуација која се случи додека го носевме дресот на Кливленд. Тој беше секогаш со мене, јас бев само 22 – годишен клинец кој сакаше се, заврши кошаркарот на Бостон.
Ирвинг си замина од „коњаницата“ во 2017 година, откако тимот претрпе пораз во НБА финалето од Голден стејт. Само една година претходно Кливленд ја освои титулата по целосниот пресфрт над „воините“ (од 1-3 до 4-3 во победи).
Резултати: Шарлот – Сакраменто 114:95, Индијана – Филаделфија 96:120, Торонто – Феникс 111:109, Денвер – Чикаго 135:105, Оклахома – ЛА Лејкерс 128:138 (по прод.).