Бебе старо 8 дена почина на Детската клиника во Скопје

101

Бебе старо осум дена починало вчера на Детската клиника во Скопје.

Според непотврдени информации, бебето било донесено од Струмица, во многу тешка состојба, а информациите се дека починало од сепса.

Директорот на Детската клиника – Реџеп Мемеди, одбил да даде конкретни информации, а притоа рекол дека секојдневно низ Клиниките во земјава умираат деца.

За потсетување, минатиот месец четиринаесетмесечно бебе почина на Клиниката, по што двајца лекари беа суспендирани.

ИЗДВОЕНИ