Неочекуваното заминување на Масимo Савиќ го остави во неверување светот на музиката од целиот регион, а многумина открија дека постојат бројни музички планови кои ги договориле со Масимo, а кои сега ќе останат недовршени.
На Масимo се присети и Беба Балашевиќ, ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ, која на социјалните мрежи откри дека напишала песна за Масимo и дека од почетокот знаела дека тој мора да ја изведе, а сега таа песна за прв пат ја објави и напиша како се чувствувала кога Масимо за прв пат го испеал рефренот на оваа песна.
–
– Во последните две години, за жал, често ја кажувам реченицата: си заминуваат сите погрешни. Со Масимо немав многу разговори, мислев дека тоа ме чека и тоа ме радуваше, бидејќи тој е многу интелигентен, талентиран, луциден и имагинативен човек… Уметник кој покрај неговата бескрајно интересна личност, има уште една многу вредна карактеристика во неговиот живот, а тоа е љубовта меѓу него и неговата сопруга… Начинот на кој зборуваше и ја ценеше својата љубов беше неверојатно инспиративен за мене… – напиша Беба Балашевиќ на Фејсбук и продолжи:
– Песната што ја напишав е за љубовта, зборува за тоа дека во животот ќе се брои само времето поминато со некој што го сакаш, а дека се друго може да се смести во една минута молчење… Јас тогаш кажав и го велам тоа исега, дека песната е само за него и за никој друг… Ми се јави и ја отпеа неговата верзија на рефренот, со задоволство ја слушав како песната добиваше вредност што само неговиот единствен глас можеше да ја додаде. За жал, нема да можам да ја слушнам во целост во неговата изведба… Не велам: никогаш… Сега треба да замислам како звучи кога ќе ја пее и ако ме прашате мене, звучи магично…, напиша Беба.