Бајден потпиша договор со кој се забранува увоз од кинескиот регион Ксинџијанг

73

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот потпиша закон со кој се забранува увоз од Ксинџијанг поради принудна работа во тој кинески регион, соопшти Белата куќа.

Нацрт-законот, кој доби одобрување од Конгресот на 16 декември, е дел од одговорот на Вашингтон на, како што го нарекува, прогонството на ујгурското муслиманско малцинство во регионот од страна на Кина.

Законот беше донесен поради загриженоста дека сите стоки во Ксинџијанг се произведени преку принудна работа. Кина негира дека ги прекршува човековите права во Ксинџијанг, од каде потекнуваат повеќето материјали за производство на соларни панели во светот, но американската влада и хуманитарните организации велат дека Пекинг таму врши геноцид.

Претходно овој месец, американското Министерство за финансии санкционираше двајца високи кинески функционери за кршење на човековите права во регионот и стави под надзор кинеска компанија за вештачка интелигенција SenseTime за нејзината технологија за препознавање лица, која наводно го таргетира малцинството Ујгур. Поради ситуацијата во Ксинџијанг, американските политички претставници одлучија да ги бојкотираат Зимските олимписки игри следната година во Пекинг, а им се придружија и политичари од Австралија, Канада и Обединетото Кралство.