Бајден пак се збуни, Зеленски стана Путин, а Харис – Трамп

271

Два нови гафа направи американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција, во рамки на НАТО самитот во Вашингтон откако одржа говор без ниту една грешка.

Прво го најави украинскиот претседател Зеленски како Путин,а потоа, час ипол подоцна го измеша презимето на потпретседателката Камала Харис со Трамп.

По интервенцијата на еден од советниците, тој се коригира, но и се оправда дека е преокупиран со победа над неговите ривали.

Десетици демократи во Претставничкиот дом и во Сенатот досега го повикаа Бајден да се повлече од изборната трка, а  се очекува уште најмалку 10 да го побараат тоа во наредните два дена. Исто така, дел од донаторите престанаа да финансираат по неуспешната прва дебата со противкандидатот Доналд Трамп.