Бајден: Падот на Ал Асад е историска прилика за сирискиот народ

419

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, денеска изјави дека падот на сирискиот претседател Башар ал Асад е историска можност за сирискиот народ, како и дека САД ќе ги поддржат соседите на Сирија доколку се појават закани во тој период на транзиција на власта на бунтовничките сили, кои ја презедоа власта во земјата.

„Конечно, режимот на Асад падна. Овој режим мачеше и уби буквално стотици илјади невини Сиријци. Ова е фундаментален чин на правдата и историска можност за долготрпеливиот сириски народ да изгради подобра иднина за својата земја“, изјави Бајден.

Бајден вети и дека ќе обезбеди стабилност во источна Сирија и ќе го заштити американскиот персонал, објави Гардијан.

ИЗДВОЕНИ