На 15 јули ќе биде крај на предавствата. Народот ќе победи. Потребно е разбивање на 30 годишната власт на партијата „Погреб за Македонија“, составена од ДПМНЕ и СДСМ. Оваа партија работи против Македонија, ја продава Македонија. Затоа почитувани избирачи, потребна е национална и патриотска партија во Парламентот. Со „Единствена Македонија“ во Парламентот, наспроти коалициите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со албанските партии се ќе биде поинаку, истакна Јанко Бачев, претседател на „Единствена Македонија’ и предводник на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија.
Бачев во своето обраќање е категоричен:
„Кажувам отворено, на 27 април 2017 год, кога се случи државниот удар со насилниот избор на Талат Џафери, „Единствена Македонија“ да беше внатре и со само еден пратеник ќе го спречевме каубојкиот избор на Џафери“.
Претседателот на „Единствена Македонија вели додава:
„Ајде што 30 години ги трпиме и на глава ни се качија со нивните лаги, со грабежот на околу 15 милијарди евра во овие 30 години, најлошо е сега што ја растураат државата. Но, на изборите ќе се соочат со народот. Јас сум убеден дека сега народот е свесен, дека нема повеќе право на грешка, и ќе одбере национална и патриотска опција во која може да верува“, вели Бачев.
Тој е убеден дека на земјава и треба патриотска партија.
„Потребна е „Единствна Македонија“ во парламентот. Ќе си ја вратиме државата назад, а потоа лесно е да ги решиме реалните проблеми на народот. Економската наука ги измислува механизмите како се прави богата држава со богат стандард. Потребни се само чесни политичари. Ние од „Единствена Македонија“ излеговме со своите биографии кои се без ниту една дамка и афера во своето долгогодишно работење. Народот треба да бара од секој да ја покаже својата биографија. Да не им оставаме надеж на ДПМНЕ и СДСМ за нивниот забеган филм. Со „Единствена Македонија“ во парламентот и ќе им порачаме дека неможат да ги продаваат Македонците. Им порачуваме дека сме биле, сме и ќе останеме Македонци“, вели Бачев.