Батурина е желба на сите фудбалски гиганти

68
epa11744426 Dinamo's Martin Baturina (L) in action against Dortmund's Waldemar Anton (R) during the UEFA Champions League match between Dinamo Zagreb and Borussia Dortmund in Zagreb, Croatia, 27 November 2024. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Мартин Батурина игра доста добро во дресот на Динамо од Загреб, и сосема заслужено се избори за повикот на Златко Далиќ во хрватската репрезентација, а со своите настапи го привлече вниманието на многу европски клубови.

Офанзивниот играч за врска во летото беше поврзуван со трансфер во Фиорентина, која испрати официјална понуда за него од 18 милиони евра, но Динамо ја одби и соопшти дека младиот играч за врска не е на продажба.

Сепак, сега се повеќе се зборува за тоа дека Батурина веќе во јануари би можел да замине во странство бидејќи на маса навистина има понуди кои ретко кој може да ги одбие.

Прво почна да се поврзува со Реал (М), каде Батурина беше најавуван како нов Лука Модриќ, но играчот од средниот ред на Динамо наводно одбил да замине во „кралскиот клуб“ бидејќи е свесен дека ќе му биде тешко да игра таму и дека ќе биде испратен на позајмица.

По Реал (М), главна тема деновиве е веста дека ПСЖ сериозно „гризе“ за Батурина и дека Парижаните сакаат веќе во јануари да ја завршат работата и да го доведат Хрватот на „Паркот на принцовите“.

Медиумите во Франција наведуваат дека ПСЖ веќе некое време го следи играчот од средниот ред на Динамо и дека е подготвен одвои повеќе од 20 мил. евра за обештетувањето, што секако би било одлична зделка за клубот од „Максимир“.

Сепак, покрај ПСЖ, во шпанските медиуми се појави информација дека Батурина е на радарот на Барселона.

Каталонски „Спорт“ пишува дека Барселона е една од екипите која со месеци го следи Батурина, но Барса не би го донеле овој 21-годишник на зима туку на крајот од следната сезона, што му одговара на Динамо.

Спорт наведува дека Батурина може да ја чини Барса околу 25 милиони евра, а тој наводно би бил замена за Френки де Јонг, кој речиси сигурно ќе ги напушти Каталонците на крајот од оваа сезона.

ИЗДВОЕНИ