Голем пожар избувна во Бар во Црна Гора, а густ чад се шири низ градот.
Фотографиите од големиот пожар покажуваат чад што извира од жариштето.
Според информациите до кои дојде Блиц, туристите пријавиле дека пепел паѓа врз нивните автомобили паркирани во околината.
Жителите на Бар сметаат дека пожарот се случил во голема сала, која порано била дискотека. Засега не се знае дали противпожарните бригади излегле на лице место.
Оваа летна сезона, инаку, беше тешка за Црна Гора кога се во прашање пожарите.
Неодамна е поднесена кривична пријава против тинејџерка (15), која е осомничена дека предизвикала пожар во зградата во која живее во Сутоморе. Таа е осомничена за предизвикување јавна опасност.
Од пожарот оштетено е и патничко возило на трето лице кое се наоѓало во близина.
U Baru neki ozbiljan pozar #bar #montenegro #fire pic.twitter.com/4UFkWx3kjO
— Mladen Ilic (@ilicmladen) September 5, 2024