Барселона тргна по дефанзивецот на Наполи

72

Повредата на Самуел Умтити комплетно го извади од колосек раководството и стручниот штаб на Барселона. Итно се бараат решенија за одбраната која оваа сезона игра многу лошо иако има подобрување во последно време кое резултираше со четири натпревари во низа без примен гол. Шпанските медиуми објавија дека клубот планира да понуди 120 милиони евра за стоперот на Наполи, Калиду Кулибали.

Тој има договор со својот клуб до 2023 година, но добра понуда речиси сигурно ќе го однесе далеку од Сан Паоло. Интерес за него постои и од Челси бидејќи менаџерот на овој тим Маурицио Сари одлично го познава од деновите во Наполи.