Барселона се утеши со третото место

181

Ракометарите на Барселона успеја да се опорават по поразот од Вардар во полуфиналето на завршниот турнор во Лигата на шампионите во Келн. Во мечот за трето место каталонскиот тим стигна до бронзениот медал по победата над Киелце со 40:35.

Дика Мем со осум гола беше прв стрелец во победата на Барселона, Јуре Доленец постигна седум.

Барселона минатата година не беше дел од Ф4 турнирот, пред две сезони по полуфиналниот пораз од вардар, во дуелот за третото место беше поразена од Веспрем.

Последен пат шампионската титула, Бара ја освои во 2015, а Киелце беше шампион една година подоцна.