Македонскиот ракометен шампион Вардар ќе ги одмери силите со Барселона во полуфиналето на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат унгарскиот вицешампион Веспрем (каде игра македонскиот ракометар Дејан Манасков) и Киелце.

Полуфиналните средби во „Ланксес Арена“ ќе се одиграат на 1 јуни, а финалето е закажано ден подоцна.

По завршувањето на турнирот ќе се добие новиот шампион кој ќе го наследи францускиот Монпелје, кој лани изненадувачки ја осови европската крун, а годинава испадна уште по групната фаза од елитното натпреварување.