Кошаркарите на Барселона со победа ја стартуваа новата сезона во Евролига, откако на домашен терен славеа во дерби дуелот против ЦСКА Москва со 76:66.
Домаќините уште по првите десет минути дојдоа до двоцифрена предност (24:14), па истата ја одржуваа до самиот крај.
Најефикасен во победничкиот тим беше Дејвис со 18 поени, додека Миротиќ реализираше 17 кошеви. На спротивната страна Шенгелија уфрли 15 поени.
Зенит пак го изненади Анадолу Ефес во Истанбул и славеше со 73:69. Гостите од Русија одиграа фантастично во завршниот период, направија пресврт и на најдобар можен начин ја започнаа сезоната во најсилното клупско кошаркарско натпреварување во Европа. Пангос со 23 и Риверс со 14 кошеви беа најдобри поединци кај победникот.
На другите средби Валенсија беше подобра од Асвел (65:63), Жалгирис победи кај Олимпијакос со 68:67, а Макаби ТА ја доби Алба со 80:73.