Каталонскиот гигант Барселона дојде до трета победа во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Порто славеше убедливо со 38:30. Победничката екипа беше предводена од Луис Фраде со шест и Аитор Арињо и Јанц Блаж кои постигнаа по пет погодоци.

ГОГ Гудме останува еден од двата тима со максимален учинок во Б групата, откако во 3.коло го надигра Веспрем со 36:30. Сега ГОГ е на делба на првото место во групата заедно со Барселона, а Веспрем останува со четири бодови од три натпревари.

Екипата на Монпелје ја доби драмата со Висла Плоцк, славеше со три гола разлика, 30:27, во натпревар од третото коло од Лигата на шампионите. Одлична партија во дресот на Монпелје имаше репрезентативецот на Египет, Елсајед Мохам, постигна девет погодоци. Кај Висла Плоцк се истакнаа Миха Зарабец и Ловро Михиќ со по шест погодоци.

Хрватскиот првак Загреб ја забележа првата победа во новата сезона од елитното натпреварување, откако дома славеше против норвешкиот Колстад со 31:20.