Каталонскиот кошаркарски гигант, екипата на Барселона, ќе игра во финалето во Евролигата, заедно со екипата на Анадолу Ефес, откако вечерва славеше во полуфиналниот дуел против Армани Милано со кош во последната секунда (84:82).

Шпанскиот тим влезе како фаворит во полуфиналето со ривалот од Италија, но Еторе Месина и неговите кошаркари беа рамноправен противник.

Во драматичната завршница, Барселона прво загуби топка, Милано не погоди за три поени, а на спротивната страна одговорноста ја презема Кори Хигинс кој погоди за два поена на помалку од секунда до крајот.

Италијанскиот состав не успеа да погоди во последниот обид, а тоа значеше и пласман на Барселона во финалето.

Претходно, Анадолу Ефес ја совлада ЦСКА (М) со 89:86.