Барса ќе заработи 120 мил. евра и ќе го регистрира Олмо

621
epa10351943 Achraf Hakimi (L) of Morocco in action against Dani Olmo of Spain during the FIFA World Cup 2022 round of 16 soccer match between Morocco and Spain at Education City Stadium in Doha, Qatar, 06 December 2022. EPA-EFE/Tolga Bozoglu

За време на летниот преоден рок Дани Олмо се врати во редовите на Барселона која го купи од РБ Лајпциг за 55 милиони евра. Сепак, Барса и Олмо имаат големи проблеми. Играчот кој има 15 настапи и шест гола за каталонскиот гигант има серозен проблем кога е во прашање 2025 година. Имено, неговата регистрација од 1 јануари е под знак прашалник поради прекршување на одредбите поврзани со финансискиот фер-плеј.

Според информациите до кои дојде „АС“, Олмо има клаузула во договорот дека може да го напушти клубот на 1 јануари доколку не биде пријавен, но неговата иднина во Барселона се уште е сигурна. Клубот најде начин да ги собере потребните пари и го уверуваат дека ќе го регистрираат, не само до крајот на следната сезона или годината, туку до крајот на неговиот договор кој е со важност до летото 2030 година.

Планот на Барселона е да продава ВИП-пакети на новиот „Камп Ноу“, односно да продава седишта во ложата на подолг период. Долг е списокот на богати лица кои се заинтересирани за овие места, не само од Шпанија туку и од целиот свет. Со оваа акција клубот треба да заработи 120 милиони евра.