„Барса сама по себе е тешка, ќе мораш…“

219
epa10216272 FC Barcelona's head coach Xavi Hernandez (C) leads a training session of the team at Joan Gamper de Sant Joan Despi sports complex in Barcelona, Spain, 30 September 2022, on the eve of their Spanish LaLiga soccer match against RCD Mallorca. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Фудбалерите на Барса со 2:1 ја добија пресметката против Севилја и како второпласирани ја завршија сезоната во Ла Лига. Сепак, пресметката во Андализија е во втор план поради драмата околу сега веќе поранешниот тренер на каталонскиот гигант Чави Хернандез.

Пред неколку дена челниците на Барса ја изненадија фудбалската јавност со одлуката Чави повеќе да не биде тренер и дека гостувањето во Севиља за него ќе биде проштален натпревар од клупата на „Блауграна“.

Таквата одлука доби на значење затоа што само неколку дена претходно Чави и Жоан Лапорта објавија дека шпанскиот стручњак ќе остане во Барселона и следната сезона. За жал изјавите кои Чави јавно ги даде за финансиската состојба на клубот резултираат со отказ.

По натпреварот во Севиља, сега веќе поранешниот тренер на Барса повторно изјави дека не му е јасно зошто го отпуштиле, а зошто не му го направиле истото на спортскиот директор  Деко, кој ги кажа истите работи пред неколку месеци.

„Зошто она што го кажа Деко пред неколку месеци не беше детектирано како голем проблем како што беше со моите зборови, зошто? Од првиот ден се што ќе кажам се сфаќа како некаков „земјотрес“ и навистина не разбирам зошто “, изјави Чави и додаде:

„Фудбалот функционира вака. Мислев дека работите можат да се подобрат и дека ќе продолжиме да го водиме тимот во следната сезона. Сепак, тоа не беше така. Навистина е штета, тажен сум. Се чувствувам ослободен, но тоа е одлука на клубот и ја почитувам, бидејќи иако не ги освоивме титулите, мислам дека бевме на вистинскиот пат.

Исто така, Чави имаше порака и за новиот тренер на каталонскиот клуб, Ханси Флик.

„Можам само да му кажам на новиот тренер дека мора да ја разбере тежината на ситуацијата. Барса сама по себе е тешка, а ситуацијата во која се наоѓа клубот ја отежнува уште повеќе. Тој ќе мора да работи напорно бидејќи оваа работа не е лесна“.