Стандардниот првотимец во дресот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер, Николо Барела, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. Иако интерес за неговите услуги покажуваат најбогатите клубови во англиската Премиер лига, одличниот играч за врска откри дека сака уште многу години да престојува на „Џузепе Меаца“.