Барањето за одземање на имунитетот на Велјаноски стигна во Собрание

49

Барањето од Основниот суд Скопје 1, за симнување на пратеничкиот имунитет на осомничениот Трајко Вељаноски, стигна кај претседателот на Собранието Талат Џафери, пренесуваат медиумите. Потврда стигна и од неговиот кабинет. Барањето треба да биде ставено на дневен ред на седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, а потоа да се гласа. Според деловникот, комисијата треба да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на парламентот.