Досегашната истрага утврди дека кражбите во сефови ги вршат организирани меѓународни групи на софистициран без да го привлечат вниманието врз себе. Користат туѓ идентитет,а од алатките таканаречени скимери со кои ги снимаат податоцитеод заштитните кодови на бравите од сефовите врз основа на кои подоцна изработуваат дупликат клучеви и откако ке се уверат дека нема камери напаѓаат
Банките по облоденувањето на најновиот случај на кражба на пари од банкарските сефови на две банки во Скопје, го подигнаа нивото на безбедност и велат дека преземаат се за да се спречат во иднина вакви или слични други кражби на пари. На кој начин и како ке се штитат од префидните крадци кои користат софистициран начин и сретства незабележано да измолкнат милионски суми од банките не откриваат.Само потврдуваат дека објектите се под постојан видеонадзор како однатре така и од надвор и дека континуирано вложува во подигнување на степенот на безбедност во доменот на ракување со сефови. ” Овие активности на банката не се должат на појава на одредени настани туку претставуваат стандардна практика на банката за унапредување на сите сегменти.
Во работењето со сефови постојат строги правила кои доследно се почитуваат и пристап до сефот му е овозможен само на корисникот кој го изнајамил сефот или на лица, кои корисникот на сефот ги овластил во соодветна процедура – појаснуваат од една од банките.
Додека банките максимално се заштитуваат во државава секој од секаде ако посака може да украде пари и безбедно да ги изнесе од Македонија, па дури и од банкарските сефови иако нивната безбедност банките максимално ја гарантираат.
Она што е карактеристично за сите грабежи на пари вклучувајќи ги и тие од сефовите, е тоа што во ниту еден случај полицијата не ги пронајде украдените пари.
Досегашната истрага утврди дека кражбите во сефови ги вршат организирани меѓународни групи на софистициран без да го привлечат вниманието врз себе. Користат туѓ идентитет,а од алатиките таканаречени скимери со кои ги снимаат податоцитеод заштитните кодови на бравите од сефовите врз основа на кои подоцна изработуваат дупликат клучеви и откако ке се уверат дека нема камери напаѓаат.
Последна од серијата на кражби на сефови во две банки ја обелодени обвинителството,а за која кражба граѓаните алармираа уште пред две години кога во полиција пријавиле дека им недостасуваат пари и предмети од сефовите кои ги изнајмиле во двете банки.
По двегодишна истрага обвинителствотот соопшти дека во двете познати банки кражбата ја извршила меѓународна криминална група составена од четворица украински државјани и по еден државјанин на Молдавија, Казахстан и на САД кои извршиле 19 тешки кражби од граѓански сефови во филијалите на банките од каде што украле 105.638.858 денари во пари, накит и други вредни предмети.
За сега е неизвесно дали за грабежот од сефовите ќе се пријави уште некој оштетен и дали македонската полиција ќе им влезе во трага на ограбувачите, дали ќе ја разбие нивната шема и ќе ги стави зад решетки и можеби ќе ја најде трагата на украдените пари.
Криминалната група од јули до ноември 2017 година, закупиле граѓански сефови во различни банки на различни места во Скопје со цел да ги проценат околностите и системот на безбедност во банките. Притоа користеле лажни идентитети и во одреден период секојдневно ги посетувале филијалите во кои имале закупени сефови. Искористувајќи момент без присуство на службено лице, со специјални уреди ја снимале внатрешноста на бравите на сефовите и потоа изработувале клучеви калаузи за нивно отворање. Одземените вредни предмети од сефовите биле изнесени од Република Македонија, поединечно од секој член на групата, на различни гранични премини и во различни временски периоди. Оваа криминална група на истиот начин извршила тешки кражби и во други земји.
До овој момент, еден од осомничените е лишен од слобода во Латвија, додека двајца во Таџикиста, обвинителството преку меѓународна правна помош испратило барање за прибирање податоци и доказен материјал до надлежните институции во овие земји.
Во овој период исто во полиција во Битола и во Ресен беше пријавено дека од две банки во изнајмени сефови до кои пристапот е ограничен. се украдени над 150 илјади евра.
Во едниот случај беше ограбен гастарбајтер во Канада кој останал без 40 илјади долари кои ги чувал во изнајмен сеф во филијалата на банката.
Неколку денови подоцна беше пријавен втор ваков случај кога од сеф исчезнаа над 150 илјади евра,сопственост на М.Т. (53) а кражбата ја пријавил полномошникот овластен да го отвара сефот, битолчанецот Д.Ц. (35).
И за овие случаи нема никакви детали за текот на истрагата, евентуални осомничени лица и каде исчезнале парите.
Тогаш од банката отфрлија секаква вина бидејќи како што соопштија станува збор за изнајмени сефови до кои има ограничен пристап.” Според процедурата сефот може да го отвори само лицето кое го изнајмило или пак лице кое е овластено од изнајмувачот да го стори тоа.