Балотели главен на “Велодром”

44

Контроверзниот напаѓач на Ница, Марио Балотели, најверојатно ќе биде последната зимска аквизиција на големиот ривал од француската Лига 1, тимот на Олимпик од Марсеј.

И за време на летниот преоден рок гигантот од “Велодром” покажа сериозен интерес за услугите на италијанскиот интернационалец, но двата клуба не најдоа заеднички јазик околу обесштетувањето. Балотели веќе неколку недели е во војна со тренерот на Ница, Патрик Виера и прашање е само на време кога Италијанецот и официјално ќе го реализира трансферот во редовите на Марсеј.