Балканското ТВ-шоу „Ѕвездите на Гранд“ продолжува и покрај комплицираната болест на Саша Поповиќ

19178

Бидете без грижа!

Балканското мега-шоу „Ѕвездите на Гранд“, продолжува и покрај комплицираната болест на Саша Поповиќ, креативниот директор на „Гранд“ продукција. Минатата сабота шоуто не се емитуваше кај нас на екраните на ТВ Сител, но во меѓувреме техничките пречки се отклонети.

За здравствената состојба и борбата со болеста на Саша зборува и водителот Зоран Пејиќ-Пеја. – Ситуацијата се подобрува, исклучително ми е драго, да не го урочиме Саша. Јас се молам на Бога и сите наши пријатели се молат на Бога тој тоа да го победи. Голем борец е  и голем човек, па заслужи да го победи сето тоа. Здравјето му се подобрува, многу е бавно, но е достижно. Јаде само разновидни сезонски салати полни со витамини, а од исхраната ги исфрлил месото, газираните пијалоци, пивото, алкохолот. Пие обична вода, вели Пеја.

– Тој феноменално се држи. Знае дека мора да ги слуша докторите. За секоја контрола патува за Франција, па се враќа дома. Има голем тим на лекари кои се грижат за него. Целиот е фокусиран на своето здравје. Сите контакти во врска со „Гранд“ ги остварува телефонски и дава инструкции за шоуто “Ѕвездите на Гранд“. Саша е сè уште музички магионичар и сето тоа без него никогаш не би било тоа што е, истакнува познатиот водител.

Не е тајна дека на Саша цело време друштвото му прави русокосата сопруга Сузана.

– Сузана е таков борец, таа дише заедно со Сале. Покрај него е 24 часа. Додека тој спие, таа го чува. Сосема се грижи за него и покрај грижните медицински сестри. Сузи е голема лавица и симнете ѝ капа за сета љубов која ја има за Саша. Сето тоа е нормално, долго време се во брак и немаат никакви стресови или скандали, уживаат во животот, сè до овој момент кога Саша сериозно се разболи, раскажа Пеја.   Д.М.

 

ИЗДВОЕНИ