Баерн (М) тргна по Вернер, а нема потреба од него

37

Поголемиот дел од фудбалерите кои играат во германската Бундес лига, сонуваат еден ден да заиграат за актуелниот шампион, тимот на Баерн (М).
Баварскиот гигант веќе со години на конкурентите им ги краде најголемите таленти како Хумелс, Геце, Левандовски, Шуле, Вагнер… Клупската политика е “подобро кај нас, ако треба, и на резервната клупа, отколку кај конкурентот”.

Баерн (М) не сака да се повтори сценариото со Лирој Сане, кој беше голема желба на “Алианц арена”, но во последниот момент беше купен од Манчестер Сити. Веќе две години по ред, клупските челници со посебно внимание ги следат настапите на Тимо Вернер, кој има одиграно 98 натпревари во дресот на РБ Лајпциг и на кој постигна 55 погодоци и запиша 20 асистенции. Брзоногиот напаѓач има договор со Лајпциг до 2020 година и сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок за околу 40 мил. евра. Интерес за услугите на Вернер покажа и англискиот премиерлигаш Ливерпул, а менаџерот на “црвените”, Јирген Клоп, во Тимо гледа идеална замена за Роберто Фирмино и Мохамед Салах.

Поради големиот интерес на Ливерпул, Баерн (М) веднаш седна на преговарачката маса, но раководните лица имаат иден сериозен проблем, не знаат дали имаат потреба од услугите на Вернер. Роберт Левандовски има 30 години и не планира да си замине од Минхен, а негова замена е одличниот Сандро Вагнер. Исто така, Вернер не сака да има помала плата од Левандовски, тоа е уште еден голем проблем за баварскиот гигант кој најави сериозна тимска реконструкција за време на летниот преоден рок.