Челниците на најтрофејниот германски клуб, Баерн (М), најдоа играч кој одлично одговара на нивниот систем на игра, а тоа е младиот Флоријан Вирц. Станува збор за еден од најперспективните млади фудбалери во светот кој со голем успех го носи дресот на лидерот во Бундес лигата, тимот на Баер од Леверкузен.
За неговите услуги се заинтересирани неколку европски гиганти, меѓу кои Манчестер Сити и Барселона, но според последните информации кои пристигнуваат од Германија, тој кариерата ќе ја продолжи на „Алијанц арена“.
Така тврди и познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг.
„Тој сака трансфер во Баерн (М) од Леверкузен, а во таа насока размислуваат и челниците на Баерн (М). Трансферот од Леверкузен во странство не му е прва опција. Вирц е на врвот на листата на желби на Баерн. Баер Леверкузен за него бара околу 130 милиони евра“, изјави Плетенберг.
Раководните лица на клубот од Минхен се надеваат дека Милер ќе го напушти Баерн (М) на крајот од актуелната сезона, а Мусиала и Вирц ќе бидат новото дуо во клубот.
Новото дуо во нападот би требало да ја претставуваат иднината на Баерн (М) во следната деценија и затоа никој не ја жали паричната сума која ќе биде потрошена за неговото обештетување. мни пари за Виртц.
Секако, секогаш постои опција Манчестер Сити да се вклучи со многу поголема понуда, но проблем би им направил тоа што играчот сака да замине во Баерн.